Регион

Уапсен директор во Софија: Поставил камери во тоалетите на средно училиште(ВИДЕО)

Поставувањето камери во санитарни простории е грубо прекршување на Општата регулатива за заштита на личните податоци и Законот за заштита на личните податоци во Бугарија.

Директорот на  средно училиште за западни и источни јазици „Проф. Васил Златарски“ во Софија, Александър Евтимов, е уапсен вчера вечерта по сигнал од родители дека поставил скриени камери во тоалетите што ги користат учениците.

Според информациите од бугарските медиуми, во тоалетите биле откриени околу 20 до 40 минијатурни камери, кои личеле на сензори за движење, а каблите воделе директно кон кабинетот на директорот. Евтимов наводно тврдел дека камерите биле за следење на однесувањето на учениците, како пушење во тоалетите.

По веста за апсењето, синоќа ученици, родители и наставници се собраа на протест пред училиштето.
Поставувањето камери во санитарни простории е грубо кршење на GDPR и бугарскиот Закон за заштита на лични податоци. Образувано е досъдебно производство, а истрагата продолжува.

Евтимов е директор од околу две години, а претходно бил на раководни позиции во други училишта. По назначувањето, се појавија информации дека суспендирал околу 40 наставници.
Министерството за образование соопшти дека соработува со истрагата.

 

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top