Регион

В година Црна Гора и Албанија без роаминг во земјите од ЕУ – што е со Македонија?!

Оваа одлука е дел од планот за приближување на Албанија и Црна Гора кон членството во ЕУ и постепено намалување на трошоците за роаминг во регионот, кој е во тек веќе две години.

Во јуни следната година, Црна Гора и Албанија ќе се приклучат на заедничкиот пазар на Европската Унија за телекомуникациски трошоци, што ќе им овозможи на нивните граѓани да остваруваат повици во рамките на Унијата по цени слични на оние во нивната матична земја, објави порталот SEEbiz.

Оваа одлука е дел од планот за приближување на Албанија и Црна Гора кон членството во ЕУ и постепено намалување на трошоците за роаминг во регионот, кој е во тек веќе две години.

Овој месец, Црна Гора, Албанија, Македонија и Молдавија се приклучија на европскиот систем за финансиски трансакции SEPA, што значително ќе ги забрза и ќе ги направи меѓународните плаќања кон членките на ЕУ поевтини за нивните граѓани.

Покрај горенаведените земји, и други земји од Западен Балкан се во процес на преговори за приклучување кон иницијативата за бесплатен роаминг – Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Украина, за кои напролет беше објавено дека би можеле да се приклучат на единствениот пазар за роаминг уште од јануари следната година.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top