Регион

Во Бугарија ќе се произведуваат гранати за НАТО и за Украина

Ќе се произведуваат 100 илјади гранати од 155 мм годишно, а на Европската унија и НАТО им се потребни милиони вакви гранати кои се употребуваат и во Украина

 

Инвестицијата изнесува речиси 1 милијарда лева односно половина милијада евра и ќе биде една од најзначајните странски инвестиции во последните години и е клучен чекор во модернизацијата на бугарската одбранбена индустрија, пишува „Сега“.

„Тоа е исто така дел од напорите на Европската унија и НАТО за зајакнување на одбранбените капацитети и стратешката автономија на Европа во контекст на променетата геополитичка средина“, објави премиерот Росен Жељазков.

Бугарија ќе стане центар на компетентност во одбранбената индустрија за цела Европа, објави извршниот директор на Рајнметал, Армин Папергер, на потпишувањето.

Според него, со имплементацијата на проектот ќе се создаде една од најмодерните фабрики во светот за производство на барут и муниција.

„Ќе изградиме огромен производствен потенцијал – 100 илјади гранати од 155 мм годишно, кои ќе се извезуваат во текот на следните десет години.

На Европската унија и НАТО им се потребни милиони вакви гранати, а според нашите пресметки, на алијансата ќе ѝ бидат потребни околу 50 милиони“, рече Папергер.

Како дел од инвестицијата, ќе бидат создадени 1.000 нови висококвалификувани работни места.

Германскиот концерн моментално гради 10 фабрики истовремено.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top