Регион

Вучиќ: Утре да воведеме санкции за Русија, да го признаеме Косово и веднаш влегуваме во ЕУ

Претседателот на Србија немал проблем ако некој друг го стори тоа, но само ако победи на избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред медиумите во Брисел ја соопшти „формулата“ за експресно зачленување на неговата земја во Европската унија.

„Дали навистина мислите дека Србија е поважна земја од Турција или од Црна Гора? Не треба да си играме игри. Можеме утре да воведеме санкции против Русија, да го признаеме Косово и веднаш да влеземе во ЕУ – ако сакате да го направите тоа, направете го. Не мислам дека треба да го признаеме Косово или да воведеме санкции; немам проблем ако некој друг го стори тоа. Ако некој ја сака владата што ја поддржа независноста на Косово во 2008 година, нека победи на изборите. Но, има и други работи што можеме да ги направиме“, изјави тој.

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

Најнови вести

To top