Регион

Земјотреси ја тресат Грција, Турција, Албанија…

Според податоците на меѓународните сеизмолошки служби, во текот на ноќта и рано изутринава се евидентирани повеќе земјотреси во Турција, Грција и во подрачјето на Егејското Море.

Само неколку часа по земјотресот со магнитуда од 4.6 степени, кој синоќа имаше епицентар на територијата на Косово и беше почувствуван и во Македонија, во поширокиот регион е регистрирана нова серија послаби потреси.

Земјотрес од 4,6 степени во Косово ја вознемири и Македонија

Според податоците на меѓународните сеизмолошки служби, во текот на ноќта и рано изутринава се евидентирани повеќе земјотреси во Турција, Грција и во подрачјето на Егејското Море.

Во 06:37 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 2.0 степени во западна Турција. Неколку минути претходно, во 06:25 часот, земјотрес со магнитуда од 2.8 степени бил евидентиран во Грција, додека во 06:21 часот потрес од 2.3 степени бил регистриран во источна Турција.

Во текот на ноќта, во 05:05 часот, бил забележан земјотрес со магнитуда од 0.9 степени во централна Турција. Во 05:21 часот следел потрес од 2.0 степени во близина на западниот брег на Турција, а во 05:01 часот уште еден земјотрес со магнитуда од 1.2 степени повторно во западниот дел на земјата.

Претходно, во 04:24 часот, земјотрес со магнитуда од 2.8 степени бил регистриран на островот Крит во Грција, во 03:46 часот потрес од 1.6 степени во Егејското Море, а во 03:28 часот уште еден послаб земјотрес од 1.4 степени во западна Турција.

Станува збор за земјотреси со ниска до умерена магнитуда кои, според досегашната пракса, не предизвикуваат материјална штета, но потврдуваат дека регионот и понатаму останува сеизмички активен.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top