Регион

Змија се искачила на седмиот кат во зграда во Сандански и каснала жена во бањата!

Завчера напладне во бугарскиот град Сандански, додека се капела во бањата од нејзиниот стан на седмиот кат, жена била касната во ногата од отровна змија, пишува регионалниот весник „Струма“. Не е познато како се нашла змијата во станот, а настраданата по немилиот настан била хоспитализирана во болницата во Петрич. Лекарите од одделот за реанимација ја […]

Завчера напладне во бугарскиот град Сандански, додека се капела во бањата од нејзиниот стан на седмиот кат, жена била касната во ногата од отровна змија, пишува регионалниот весник „Струма“.

Не е познато како се нашла змијата во станот, а настраданата по немилиот настан била хоспитализирана во болницата во Петрич.

Лекарите од одделот за реанимација ја исконтролирале состојбата на жената, која во моментов е стабилна, изјавиле за „Струма“ од болницата.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top