Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе Бугарија, триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

Рушди, двократен параолимписки шампион, немаше конкуренција на стадионот „Џавахарлал Неру“.

Во третиот обид, тој го собори светскиот рекорд од 12,69 метри, кој го постави на Игрите во Париз 2024, фрлајќи ѓуле на 12,72 метри. Во четвртиот обид, тој го подобри ова достигнување на 12,78 метри, а во последниот, шести обид, стави крај на своето епско натпреварување со 12,94 метри.

Светската титула е шеста во кариерата на Ружди.

Покрај параолимписките титули од Рио 2016 и Париз 2024, тој има и сребрен медал од Токио 2020.

 

Најнови вести од: Спорт

ПМФЛ: Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер ремизираа

Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top