Спорт

Димитриевиќ меѓу најзаслужните за триумфот на Баерн кај лидерот во Евролигата

Македонскиот бек трет стрелец на гостите со 11 поени во победата од 79:64 над Хапоел во Тел Авив

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ беше меѓу најдобрите во редовите на Баерн Минхен, кој славеше со 79:64 во Тел Авив и го симна Хапоел од врвот во Евролигата.

Димитриевиќ беше трет стрелец во победничката екипа со 11 поени и реализација 3/4 за два поена, 1/3 за тројка и 2/2 од слободни фрлања, на што додаде по еден скок и асистенција за вкупно 18:06 минути во игра.

Со бекот на Баварците и на репрезентацијата на Македонија, кој неодамна дојде во Минхен од руски Зенит од Санкт Петербург, Баерн врза две победи во најсилното клупско натпреварување во Европа и се искачи на 15. место со 10 победи и 15 порази.

Најнови вести од: Спорт

ПМФЛ: Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер ремизираа

Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top