Спорт

Драматична победа на Вардар во дербито со Силекс

„Црвено-црните“ славеа со 2:1 со голот на Мато во 11. минута од судиското продолжение од пенал по сугестија од ВАР-собата

Со гол од пенал во 11. минута од судиското надополнување на времето, Вардар го совлада Силекс со 2:1 во дербито на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига и остана на врвот на табелата.

Роџерс Мато беше прецизен изведувач на најстрогата казна досудена по сугестија од ВАР, по која судијата Фатмир Бафто покажа на белата точка за играње со рака во шеснаесетникот на кратовци.

На победничкиот гол на „црвено-црните“ му претходеше исклучувањето на гостинскиот голман Љупче Џеков во 85. минута за повлекување за дресот на противнички играч надвор од казнениот простор.

Вардар поведе преку капитенот Азер Омерагиќ во 8. минута, а шест минути подоцна израмни Алдин Хрвановиќ.

Составот на Гоце Седлоски води со 27 бода, еден повеќе од Струга, трета е Шкендија со 24, а веднаш зад неа Силекс со 21.

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top