Спорт

Елмас и Наполи го добија дербито со Јувентус

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути во победата од 2:1 во Неапол во Серија А

Елиф Елмас и Наполи славеа со 2:1 против Јувентус во дербито на 14. коло од Серија А, по кое тимот за кој игра македонскиот репрезентативец е на врвот на табелата во елитната фудбалска конкуренција во Италија.

„Дијамантот“ ги одигра сите 90 минути за домаќинот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол и со 6,9 е шести најдобро оценет меѓу стартерите во составот на Антонио Конте, за кој два пати беше прецизен Расмус Хојлунд, а за „црно-белите“ од Торино погоди Кенан Јилдиз.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

Најнови вести

To top