Спорт

Елмас и Наполи во финалето на Суперкупот на Италија

Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра 77 минути во триумфот над Милан од 2:0 во Ријад

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе игра во финалето на Суперкупот на Италија со Наполи, со кој вечерва славеа со 2:0 над бранителот на трофејот Милан во Ријад, Саудиска Арабија.

Елмас беше во почетниот состав на тимот од Неапол и одигра 77 минути, во кои упати три удари кон противничкиот гол, а натпреварот го заврши со оценка 6,9.

Противник на екипата на 26-годишниот „македонски дијамант“ во финалето ќе ѝ биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Интер и Болоња.

Офанзивниот играч за врска има два трофеја со Наполи, шампионската титула во Серија А и Купот на Италија.

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

Најнови вести

To top