Спорт

Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата со триумф над Вардар во Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 32:30 во Скопје и 70-годишниот јубилеј од основањето на клубот го зачинија со деветтата шампионска титула, трета во низа во македонската Суперлига. „Црвено-црните“, на кои пред директниот дуел од последното коло им одговараше и реми, долго имаа водство во исполнетата арена „Јане Сандански“, во првото полувреме и […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 32:30 во Скопје и 70-годишниот јубилеј од основањето на клубот го зачинија со деветтата шампионска титула, трета во низа во македонската Суперлига.

„Црвено-црните“, на кои пред директниот дуел од последното коло им одговараше и реми, долго имаа водство во исполнетата арена „Јане Сандански“, во првото полувреме и со максимални 15:10, во завршницата влегоа со 29:28, но финишот им припадна на гостите.

Клучен за победникот се покажа одбранетиот седмерец од Никола Митревски на вардаровото лево крило Марко Срдановиќ при водство на битолчани од 30:29 седумдесетина секунди до крајот, а со реализираниот пенал од Дејан Манасков 20 секунди до крајот пелистерци стигнаа до недостижна предност.

Капитенот Филип Кузмановски со 7 гола беше најефикасен играч во победничкиот тим, а во поразениот Вуко Борозан со 8.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top