Спорт

Борец од Жилче, Тетовско не го заборава Хари Кејн

Откриена тајна врска меѓу славниот добитник на Златната Топка и македонски селски фудбалски клуб

По повод големиот успех на Хари Кејн, од ФК Борец Жилче му испраќаме искрени честитки за освоената Златна топка!🥇👏⚽, се вели во пораката до британскиот голгетер кој сега игра за Баерн Минхен.

,,По овој повод, сакаме да потсетиме на еден помалку познат момент од неговата кариера, кој се случи во периодот пред вештачката интелигенција да земе замав и да почне да ја менува реалноста каква што ја познаваме”, пишува во козеријата на клубот од село Жилче.

,,Имено, за време на опоравувањето од повреда, на враќање од с. Лешок на пат кон скопскиот аеродром, Хари Кејн застана во Жилче и лично се обрати до нашиот клуб со молба да му овозможиме да одработи лесен тренинг на игралиштето на ФК Борец.

Нашето раководство, воодушевено од укажаната доверба, веднаш му излезе во пресрет. Тренингот го одработи во целосна тајност, без присуство на публика и без непотребно привлекување внимание, со цел да се избегне гужва и да му се овозможи максимален мир во процесот на опоравување.

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Денес, кога Хари Кејн го достигна овој врв во својата кариера, ФК Борец Жилче со особена гордост се присетува на оваа средба и му посакува уште многу успеси, голови и признанија.

Се надеваме дека при следната посета ќе имаме можност повторно да се сретнеме, овојпат без брзање како минатиот пат и со повеќе време за дружење.

Честитки, Хари! Жилче не заборава!”, пишува во ироничната порака на играчите од Жилче до Кејн.

#HarryKane ##BallonDor

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top