Ракометната федерација на Македонија објави дека Игор Марковиќ е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација.
Станува збор за искусен ракометен стратег од Црна Гора, кој има богато меѓународно играчко, а потоа и тренерско искуство.
„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме сè подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно нè очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија“, изјави новиот селектор Игор Марковиќ.