Спорт

Легендите на сцена: Македонија против Европа во „Јане Сандански“

Овој ревијален натпревар е во организација на „Спортското радио 90,3 ФМ“, кое со гордост ја прославува својата 20-годишнина од постоењето.

Во Среда, на 29 октомври, во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи ракометен хепенинг насловен – „Легендите на сцена“. Овој ревијален натпревар е во организација на „Спортското радио 90,3 ФМ“, кое со гордост ја прославува својата 20-годишнина од постоењето. За да го одбележи овој јубилеј, радиото организира незаборавен судир меѓу македонските и европските ракометни легенди.

Повторно на теренот ќе истрчаат бројни македонски ракометни ѕвезди, како Лазаров, Стоилов, Миркуловски и Ристовски, заедно со играчи од претходните генерации, меѓу кои Пепи Манасков и Царчев. Веќе се потврдени имињата што ќе ги предводат двата тима.

Македонија: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Петар Ангелов, Бранко Ангеловски, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Горан Кузманоски, Пепи Манасков, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Александар Царчев, Звонко Шундовски, Горан Ѓоргоноски.

За европскиот тим ќе настапат поранешни европски прваци со Вардар, а многумина од нив во некој дел од кариерата играле и во Македонија.

Европа: Арпад Штербик, Страхиња Милиќ, Иван Чупиќ, Жоан Канељас, Данил Шишкарев, Игор Карачиќ, Златко Хорват, Мануел Штрлек, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Горан Шпрем, Илија Абутовиќ, Жељко Муса, Петар Ѓорѓиќ, Мирза Шариќ.

На тренерската клупа, покрај нашите стручњаци, ќе гостуваат и Лино Червар и Веселин Вујовиќ – легендарни ривали од времето на Металург и Вардар, а поранешни селектори на Македонија. Судиската фела ќе ја предводат најистакнатите македонски имиња: Марјан Начевски, Драган Начевски, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Силвана Карбеска и Марија Илиева.

Билети се во продажба преку мрежата на „TicketX.mk“.

Најнови вести од: Спорт

To top