Спорт

Оставка на Гарабаја, Шундовски ќе го води Еурофарм Пелистер до крајот на полусезоната

Ремито по +7 со Алкалоид и поразот во Загреб во Лигата на шампионите му пресудија на шпанскиот тренер

По неколкуте неуспеси на ракометарите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и во македонската Суперлига, тренерот Рубен Гарабаја поднесе оставка, а првакот на Македонија до крајот на полусезоната ќе го води сегашниот директор Звонко Шундовски.

„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот“, соопшти клубот од Битола.

Гарабаја го освои Суперкупот на Македонија, а во ЛШ оствари две победи на досегашните десет натпревари за претпоследно место во групата Б во моментов.

„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од средината. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека моето заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжението од сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, го објасни својот потег шпанскиот ракометен стручњак.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top