ФИФА е подготвена да воведе значајна промена во правилата за жолти картони на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, што би ја олеснило работата на сите национални селекции.
Според информациите, ФИФА разгледува можност за два рока за бришење на акумулираните жолти картони за време на турнирот. Досега, сите жолти картони се бришеа пред полуфиналните натпревари. Новата промена предвидува дополнително бришење на жолтите картони по завршувањето на групната фаза.
Оваа измена би значела дека фудбалерите ќе можат да бидат значително порелаксирани во првите натпревари, знаејќи дека евентуалните жолти картони собрани во групната фаза ќе бидат поништени пред осминафиналето.
Службениците на ФИФА сметаат дека два рока за бришење на жолтите картони е многу пофер систем, особено имајќи предвид дека суспензија следи по два жолти картони.
Темата ќе биде на дневен ред денеска, кога Советот на ФИФА ќе се состане во Ванкувер, Канада.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.