Спорт

РФМ: Почина Илија Темелковски

Целиот свој работен и животен век го посвети на ракометот

Човекот кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, почина, соопштија од Ракометната Федерација на Македонија.

„Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, наведуваат од РФМ.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).

Темелковски беше селекторот со кој македонските младински репрезентации ги постигнаа своите најдобри резултати на европската сцена во 2002 и Светското првенство во 2017 година, а беше селектор и на едно од најдобрите светски првенства на машката сениорска репрезентација во 2009 година.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top