Спорт

РК Алкалоид ќе биде крунисан за шампион, пехарот доаѓа во „Автокоманда“!

Од клубот од Автокоманда информираат дека шампионскиот трофеј ќе биде подигнат пред реванш средбата со Хановер во рамки од баражот за групната фаза од Европската лига на ЕХФ.

rkalkaloid.mk/multimedia

Од клубот од Автокоманда информираат дека шампионскиот трофеј ќе биде подигнат пред реванш средбата со Хановер во рамки од баражот за групната фаза од Европската лига на ЕХФ.

„РК Алкалоид ја продолжува европската сезона со реваншот во Европската лига на ЕХФ. ТСВ Хановер-Бургдорф од Германија ни гостува во Скопје, а натпреварот се игра во салата „Автокоманда“ на шести септември од 19:30 часот.

Воедно, нашиот тим пред дуелот ќе го добие и пехарот освоен во Европскиот Куп на ЕХФ, па го очекуваме Вашето присуство во нашиот дом, за заеднички да ги поздравиме европските победници“, стои во објавата на клубот.

Македонскиот тим минатата година историски успех победувајќи го грчкиот АЕК во финалето, а пехарот ќе го добие со два месеци задоцнување. Причината за ова е позната: за време на реваншот во Скопје, ракометарите на АЕК одбија да играат и го напуштија теренот во преполната сала „Борис Трајковски“.

Најнови вести од: Спорт

Германија „може да го бојкотира Светското првенство“ поради заканите на Трамп

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови во три северноамерикански земји од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико., а Финалето на турнирот е во САД на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси

To top