Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанстад со 35:30 во својата арена „Јане Сандански“ и со тоа му вратија на шведскиот тим за минималниот пораз пред една седмица на негов терен.
Со шест бода од досегашните четири одиграни натпревари, македонскиот вицепрвак се врати на врвот на табелата во групата Ф со 6 бода, еден повеќе од вечерашниот ривал, уште повеќе доближувајќи се до следната фаза по групи, во која одат двете најуспешни екипи од групата.
Двократниот европски шампион го скрши отпорот на противникот во последната четвртина од мечот, откако во 42. минута гостите израмнија на 21:21.
Дмитро Хориха со девет гола од 13 удари беше прво име во победничкиот тим, за кој Јака Малус стигна до ефект 8/9, Мишел Тузолана до 5/6, Харуки Кавада до 4/4 итн.