Спорт

Видео на денот: Како Костески ги расплака Романците

Десното крило на Алкалоид буквално во последната секунда ѝ донесе победа на Македонија од 24:23 на 17. ЕП

Ненад Костески ѝ донесе огромна радост на ракометна Македонија со погодокот дословно на истекот од времето за триумф над Романија од 24:23 во третото и последно коло од групата од прелиминарната фаза на 17. Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Откако Даниел Станчук израмни седум секунди до крајот, македонските ракометари тргнаа молневито од центарот, капитенот Филип Кузмановски го проигра на десно крило Костески, а тој непосредно пред звукот на сирената погоди за победа.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top