Свет

Американски борбен авион и хеликоптер се урнаа во спорните води на Јужното Кинеско Море

Американската Пацифичка флота вчера соопшти дека во Јужното Кинеско Море, кратко време еден по друг, се урнале воен хеликоптер и борбен авион по полетувањето од носачот на авиони USS Nimitz.

wikipedia.org/wiki/Nimitz-class_aircraft_carrier

Американската Пацифичка флота вчера соопшти дека во Јужното Кинеско Море, кратко време еден по друг, се урнале воен хеликоптер и борбен авион по полетувањето од носачот на авиони USS Nimitz.

„Сите членови на екипажот се спасени и се во стабилна состојба“, објави флотата на платформата „X“, додавајќи дека причините за двата инцидента се предмет на истрага.

Хеликоптерот MH-60R Sea Hawk се урнал околу 14:45 часот по локално време за време на рутинска операција, кратко по полетувањето од носачот. Сите тројца членови на екипажот биле успешно спасени. Половина час подоцна, во 15:15 часот, борбениот авион F/A-18F Super Hornet исто така се урнал во Јужното Кинеско Море за време на рутинска мисија. Двајцата пилоти биле спасени.

Точната локација на несреќите не е обелоденета. Американската морнарица редовно спроведува операции во меѓународните води на овој регион, со цел, како што тврди, да ја поддржи слободата на пловидба во област што е клучна за глобалните бродски патишта.

Кина, која претендира на речиси целото Јужнокинеско Море, во последните години презема сè порешителни активности во регионот, игнорирајќи ја пресудата од 2016 година на меѓународниот арбитражен суд, според која нејзините територијални претензии немаат правна или историска основа. Покрај Кина, Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван исто така имаат територијални претензии кон оваа област, позната по богатите природни ресурси и важноста како глобална бродска рута.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top