Свет

Гувернерот на Калифорнија ќе го тужи Трамп за испраќањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во Лос Анџелес без да се консултира со него. „Постои протокол, има процес, не му беше гајле за тоа“, рече Њусом во интервју за MSNBC, додавајќи дека планира да поднесе тужба во понеделник наутро. Тој го […]

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во Лос Анџелес без да се консултира со него.

„Постои протокол, има процес, не му беше гајле за тоа“, рече Њусом во интервју за MSNBC, додавајќи дека планира да поднесе тужба во понеделник наутро.

Тој го обвини Трамп дека е „ладнокрвен лажго“ откако двајцата разговараа во петокот, а Трамп наводно не го споменал распоредувањето на Националната гарда.

Њусом, исто така, рече дека Трамп е спонзор на моменталната ситуација во Лос Анџелес, додавајќи дека властите во Калифорнија се обидуваат да го исчистат „неговиот хаос“.

Гувернерот ги повика демонстрантите да останат смирени и да не „се фаќаат за мамката на Трамп“.

„Не му го давајте изговорот што го бара“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top