Свет

Херојот од австралиската плажа доби чек од 1,65 милиони долари (ВИДЕО)

Парите беа собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот

 

Ахмед ал Ахмед, човекот прогласен за херој затоа што му го грабнал оружјето на еден од вооружените напаѓачи за време на масовното пукање на плажата Бонди во Австралија доби чек од повеќе од 1,65 милиони долари (2,5 милиони австралиски долари) во петокот.

Парите беа собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот, објави Ројтерс.

Ахмед ал Ахмед се скрил зад паркирани автомобили пред да се нафрли на еден од вооружените лица одзади, грабнувајќи му го пиштолот и соборувајќи го на земја. Тој се здобил со прострелни рани откако наводно бил застрелан од втор вооружен човек. Тој моментално се опоравува во болница по операцијата.

Му скокна на грб на напаѓачот и му ја зема пушката (ВИДЕО)

Огромниот чек му бил предаден во болничкиот кревет од Закери Дерењовски, инфлуенсер на социјалните медиуми и ко-организатор на кампањата GoFundMe.

Повеќе од 43.000 луѓе ширум светот учествуваа во собирањето средства, вклучувајќи го и милијардерот менаџер на хеџ фондови Бил Акман, кој донираше 99.999 австралиски долари. Ахмед беше посетен во болница од австралискиот премиер и државниот премиер за да ја пофалат неговата храброст.

Кога му беше врачен чекот, Ахмед праша: „Дали го заслужувам ова?“, на што Дерењовски одговори: „Секој денар“. Кога го прашаа што би им рекол на луѓето што донирале, Ахмед рече: „Ајде да застанеме заедно, сите човечки суштества. И да ги заборавиме сите лоши работи… и да продолжиме да спасуваме животи“.

„Кога спасував луѓе, го правев тоа од срце затоа што беше прекрасен ден, сите уживаа славејќи, со своите деца, жени, мажи, тинејџери, сите, сите беа среќни и заслужуваат, заслужуваат да уживаат“, додаде Ахмед, кревајќи ја својата неповредена тупаница во воздух.

„Оваа земја (е) најдобрата земја во светот, најдобрата земја во светот, но ние нема да стоиме настрана и да гледаме – доста е. Бог да ја благослови Австралија. Австралијанец, Австралијанец, Австралијанец.“ Тутунарот не кажа што планирал да прави со парите.

Ахмед, 43, го напуштил својот роден град во северозападната сириска покраина Идлиб пред речиси 20 години за да најде работа во Австралија.

Во нападот во неделата загинаа 15 лица, а десетици беа ранети откако двајца вооружени лица отворија оган врз луѓе кои го прославуваа Ханука, еврејскиот фестивал на светлината, на популарна плажа.

Властите соопштија дека напаѓачите биле 50-годишен татко, кој бил застрелан од полицијата, и неговиот 24-годишен син, кој е во критична состојба.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top