Свет

И Австралија ќе признае држава Палестина

Многу брзо, откако Франција, Велика Британија и Канада веќе најавија дека ќе го сторат тоа

Премиерот Ентони Албанезе би можел да го потпише признавањето во рок од неколку дена од денешниот редовен состанок на кабинетот, објави „Сиднеј морнинг хералд“, повикувајќи се на неименувани извори.

Франција и Канада минатиот месец соопштија дека планираат да признаат палестинска држава, додека Велика Британија изјави дека ќе го стори тоа доколку Израел не ја реши хуманитарната криза на палестинските територии и не постигне прекин на огнот.

Дваесет загинати под превртен камион со помош за Газа

Израел ги осуди одлуките на земјите да поддржат палестинска држава, велејќи дека овој потег би бил награда за Хамас, кој владее со Газа.

Албанезе повикува на решение со две држави, а неговата централно-левичарска влада го поддржува правото на Израел да постои во рамките на безбедни граници и правото на Палестинците на сопствена држава.

„Реков дека е прашање кога, а не дали“, изјави Албанезе пред новинарите во Нов Зеланд во саботата за ставот на неговата влада за палестинска држава.

Нетанјаху вчера им рече на новинарите дека повеќето Израелци се против воспоставување палестинска држава бидејќи веруваат дека тоа ќе донесе војна, а не мир.

Тинејџер „смачкан“ во обид да стигне до „помош од небо“

 

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top