Свет

Израелски министер: „Газа ќе биде еврејска“

Контроверзниот Амихај Елијаху, изјави дека Израел не треба да се грижи за гладот во Газа

Десничарскиот политичар од партијата Оцма Јехудит ги отфрли обновените предупредувања на ОН за глад предизвикан во опколената палестинска енклава, тврдејќи дека израелската влада „брза да ја збрише Газа“, јјави Тајмс оф Израел.

„Фала му на Бога што го бришеме ова зло. Цела Газа ќе биде еврејска“, изјави Елијаху.

„Не треба да се грижиме за гладот во Газа – светот нека се грижи за нив. Ниедна нација не ги храни своите непријатели. Дали целосно сме се изгубиле од умот? Дали треба да се грижиме за нивната вечера?“ додаде тој.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се дистанцираше од забелешките, велејќи дека Елијаху не е член на Советот за национална безбедност, кој одлучува за водењето на војната.

„Политиката на оваа влада е јасна и унифицирана. Неговите изјави не ја претставуваат владата“, рече Нетанјаху.

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, исто така ги осуди коментарите на Елијаху, нарекувајќи ги „погрешни, глупави и целосно нерепрезентативни за владата и народот на Израел“. Во објава на X, тој нагласи дека Израел е посветен на создавање механизам за доставување хуманитарна помош до цивилите во Газа, „Но не преку Хамас“.

„Луѓето од Газа не се ниту мртви ниту живи“ (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top