Свет

Израелски полицаец фрли шок-бомба во автомобил полн со палестинци (ВИДЕО)

Снимка покажува фрлање шок-бомба и истрели кон лица

Израелски припадник на граничната полиција е суспендиран од должност откако беше објавена снимка на која се гледа како фрла шок-бомба во паркиран автомобил во бегалскиот камп Каландија на окупираниот Западен Брег.

Според израелскиот портал „Ynet“, на снимката од безбедносните камери се гледа како полицаецот се приближува до возилото, по кратка вербална расправија фрла шок-бомба во автомобилот, која веднаш експлодира. По експлозијата, двајца патници од задното седиште излегуваат и бегаат, додека полицаецот му го блокира излезот на возачот.

Неколку моменти подоцна, полицаецот се оддалечува, вперува оружје кон лицата кои побегнале и испукува истрели во нивна насока, иако тие со кренати раце барале засолниште зад автомобилот. Во инцидентот, според достапните информации, нема повредени лица.

Израелската полиција соопшти дека е отворена истрага против полицаецот, кој е отстранет од должност до завршување на постапката. Од полицијата наведуваат дека неговото постапување не било во согласност со службените процедури, поради што случајот е предаден на Одделот за внатрешни полициски истраги.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top