Свет

Кападокија – една од највозбудливите гастрономски дестинации во Туркије

Кападокија нуди дополнителна причина за посета, а тоа се незаборавните кулинарски искуства, кои минатата година беа забележани и од „Мишелин“

Позната по Самовилските оџаци, летањето со балони сотопол воздух и античките пештерски живеалишта, Кападокија нуди дополнителна причина за посета, а тоа се незаборавните кулинарски искуства, кои минатата година беа забележани и од „Мишелин“, кој во својот водич вклучи 18 ресторани од Кападокија.

Карактеристично за оваа гастрономска дестинација е што локалните јадења се подготвуваат со употреба на вековни рецепти, традиционални техники на готвење на отворен оган, органски производи одгледани на вулканска почва и ароматично грозје од блиските лозја.

Без разлика дали се модерни или традиционални, рестораните во Кападокија ги освојуваат посетителите со разновидната понуда на уникатни јадења кои го одразуваат богатството на локални состојки. Меѓу овие јадења се нежно засладени чорби со кајсии и друго овошје, како и домашни тестенини послужени со семки од тиква.

Исто така, кулинарската сцена на Кападокија е длабоко вкоренета во турските и анадолските традиции. Поради тоа, рецептите подготвени со традиционални методи на готвење ќе ве однесат на незаборавно патување низ историјата на регионот. Меѓу овие јадења е тести ќебапот, кој традиционално се подготвува во глинени садови произведени во градот Аванос и се готви бавно во тандир рерна. При послужување, глинениот сад драматично се крши пред вашите очи, ослободувајќи врело јадење.

Може да се проба кајис јахниси, мешавина од суви кајсии и месо зготвено на шпорет на дрва, потоа дуња полнета со мелено месо, ореви и зачини, како и агпакла чорба од бел грав и месо, приготвена во глинен сад. Кулинарското уживање може совршено да се заокружи со низа исклучителни десерти, од инџир јагламаси (смокви зготвени во путер) и десерт од тиква, до долаз (алва од брашно со путер) и баклава дамат.

Локалните сирења какви што се нигде мависи и дивле обрук, зреено во пештера, одлично се комбинираат со регионалните вина. Опкружена со плодни лозја, Кападокија е позната по своите вина направени од анадолски сорти грозје како што се богазкере, наринџе и емир, а посетителите можат да ја истражат винскатакултура на регионот преку тури и дегустации во локалните винарници.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top