Свет

Кинезите изградија 10-катница за 28 часа (ВИДЕО)

Во кинескиот град Чангша, компанијата „Брод Груп“ презеде неверојатен потфат: изгради 10-катна станбена зграда за само 28 часа и 45 минути. Овој рекорден проект беше реализиран со помош на модуларен систем за градба наречен „Жива зграда“, кој овозможува брзо склопување на префабрикувани модули на лице место, пренесува Фактор. Модулите, со големина на стандарден транспортен контејнер, […]

Во кинескиот град Чангша, компанијата „Брод Груп“ презеде неверојатен потфат: изгради 10-катна станбена зграда за само 28 часа и 45 минути.

Овој рекорден проект беше реализиран со помош на модуларен систем за градба наречен „Жива зграда“, кој овозможува брзо склопување на префабрикувани модули на лице место, пренесува Фактор.

Модулите, со големина на стандарден транспортен контејнер, беа претходно изработени во фабрика, вклучувајќи електрични и водоводни инсталации, а потоа транспортирани до градилиштето.

На лице место, три кранови и тим работници ја склопија зградата.

„Брод Груп“ го користи својот сопствен челичен систем Б-јадро, за кој тврди дека е десет пати полесен и сто пати појак од конвенционалните материјали, и отпорен на земјотреси и тајфуни.

Зградата е исто така енергетски ефикасна, со потрошувачка на енергија пет пати помала од традиционалните згради.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Најнови вести

To top