Свет

Комисија на ОН: Израел врши геноцид во Газа (ВИДЕО)

Истрагата на ОН открива дека високи израелски функционери поттикнале геноцид во Газа

Истражната комисија на Обединетите нации днеска заклучи дека Израел извршил геноцид во Газа и дека високи израелски функционери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, ги поттикнале овие дела – обвинувања што Израел ги нарече скандалозни, јави Ројтерс.

Извештајот на ОН наведува примери за обемот на убиствата, блокадите на помошта, присилното раселување и уништувањето на клиника за плодност за да го поткрепи својот наод за геноцид, додавајќи го својот глас на групите за човекови права и другите кои дошле до истиот заклучок.

„Во Газа се извршува геноцид“, рече Нави Пилај, раководител на Комисијата за истрага на окупираните палестински територии и поранешен судија во Меѓународниот кривичен суд.

„Одговорноста за овие злосторства лежи кај највисоките нивоа на израелските власти, кои речиси две години спроведуваат геноцидна кампања со специфична намера да ја уништат палестинската заедница во Газа“, додаде тој.

Израел одби да соработува со Комисијата. Дипломатската мисија на Израел во Женева ја обвинува комисијата дека има политичка агенда против Израел.

Правната анализа на комисијата од 72 страници е најсилниот наод на ОН досега, но телото е независно и не зборува официјално во име на ОН.

ОН сè уште не го употребила терминот „геноцид“, но е под зголемен притисок да го стори тоа.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг го тужи Израел за геноцид.

Но, Тел Авив ги отфрла ваквите обвинувања, повикувајќи се на своето право на самоодбрана по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени 1.200 луѓе, а 251 беа земени како заложници.

Најнови вести од: Свет

Кршење на примирјето во Ормуз: Иран со дронови удри по американски бродови по инцидентот со „Тоуска“

Состојбата во регионот останува исклучително напната, а иранските тврдења за напад со дронови врз американски воени бродови го сигнализираат можноста за понатамошна брза ескалација на конфликтот.

Канадскиот премиер призна: Блиските врски со Америка се претворија во сериозна ранливост

Изјавата на премиерот дојде неколку дена откако американскиот министер за трговија Хауард Латник остро ја критикуваше трговската стратегија на Канада во рамките на Северноамериканскиот договор за слободна трговија и ја осуди соработката на Отава со Кина.

Фицо: Укинувањето на правото на вето ќе значи почеток на крајот за ЕУ !

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги осуди обидите на Европската комисија да обезбеди одлука на ниво на ЕУ за укинување на правото на вето на земјите-членки за прашања од надворешната политика. „Укинувањето на правото на вето на земјите-членки на ЕУ би го означило почетокот на крајот на Унијата!“ – предупреди Фицо.

To top