Свет

Кремљ ја поддржува Венецуела: Осуда за прекумерна сила на САД

Американската армија потопи уште еден брод осомничен за шверц на наркотици во близина на Карибите, што предизвика остра осуда од Москва.

Американската армија потопи уште еден брод осомничен за шверц на наркотици во близина на Карибите, што предизвика остра осуда од Москва. Кремљ ги обвини Соединетите Американски Држави за прекумерна примена на сила, тврдејќи дека Вашингтон ги крши нормите на меѓународното право и суверенитетот на Венецуела преку своите воени акции против наводните трговци со дрога, како што пренесуваат новинските агенции.

Руското Министерство за надворешни работи издаде официјално соопштение во кое жестоко ја осудува „употребата на непропорционална воена сила“ во текот на американските операции во Карипскиот регион. „Ваквите дејства ги кршат не само американските закони, туку и основните норми на меѓународното право“, се вели во соопштението на министерството.

Кремљ ја потврди својата цврста поддршка за владата во Каракас и за претседателот Николас Мадуро во одбрана на националниот суверенитет на Венецуела. Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Русија посакува „ситуацијата да остане мирна и да нема нови конфликти во регионот“, како што пренесува руската државна агенција ТАСС.

ТАСС известува дека Кремљ реагирал на статија во „Вашингтон Пост“, според која Мадуро побарал руска воена помош, особено во сферата на воздушната одбрана. Москва и Каракас неодамна склучија договор за партнерство, но според досегашните информации, тој не содржи одредби за воена соработка.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека во саботата, во близина на Карибите, бил извршен напад врз мал брод кој, според тврдењата на Вашингтон, транспортирал наркотици. Тројца мажи загинале во нападот, кој се случил во меѓународни води.

„Бродот се движел по позната рута за шверц“, порача министерот за одбрана Пит Хегсет на социјалната мрежа Икс, без да даде дополнителни детали. Заедно со пораката, тој објави видео на кое се гледа како проектил го погодува бродот, кој потоа експлодира и исчезнува во пламен. „Американската војска ќе продолжи да ги гони и уништува шверцерите на дрога“, кажа Хегсет.

Од почетокот на септември, вооружените сили на САД редовно изведуваат напади врз бродови за кои тврдат дека се вклучени во шверц на наркотици во Карипскиот регион и во источниот дел на Тихиот Океан, но без да презентираат докази. Според Вашингтон, во овие операции загинале најмалку 65 лица.

САД распоредија неколку илјади војници, воени бродови и авиони во водите околу Венецуела, вклучително и најголемиот носач на авиони во светот, УСС Џералд Форд.

Американските дејствија беа осудени од меѓународната заедница. Експертите за човекови права при Обединетите нации сметаат дека Вашингтон ги крши нормите на меѓународното право преку овие напади. Правните аналитичари дополнително се прашуваат зошто во ваквите операции се ангажира армијата, наместо крајбрежната стража – агенцијата која е законски надлежна за спроведување на законот на море.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

To top