Свет

Латвија со ограда ќе се брани од Русија (ВИДЕО)

Заврши изградбата на ограда долга 280 километри на границата со Русија

Латвија ја заврши изградбата на ограда долга 280 километри на границата со Русија, објави државната компанија „Валстс Некустамие Ипасуми“, која е одговорна за работата.

„Ветувањето е исполнето – завршена е изградбата на физичка ограда на источната граница на Латвија со Русија и со Белорусија. Ова е значаен придонес за безбедноста на народот на Латвија и на нашата земја, а воедно и помош за Државната гранична служба, која постојано го неутрализира притисокот од организираната нелегална миграција поддржана од агресивните соседни земји на нашата граница.

Инсталацијата на паметна технолошка опрема на границата продолжува, а нашата крајна цел е да создадеме најсовремена гранична стража на источната граница на ЕУ“, нагласи министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top