Свет

Лондон ќе ја признае палестинска држава овој викенд

Велика Британија долго време ја поддржува политиката на „две држави“

 

Намерата на Британија официјално да ја признае државата на Палестинците ја објави објави Ројтерс, повикувајќи се на „Тајмс“.

„Тајмс“, без да ги наведе своите извори, објави дека Велика Британија ќе издаде соопштение откако Трамп ќе ја заврши својата посета во четврток. Британското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе мерки доколку Израел не преземе чекори за ублажување на страдањата во Газа и не постигне прекин на огнот во речиси двегодишната војна со Хамас.

Израел вели дека признавањето палестинска држава, што Франција, Канада и Австралија исто така рекоа дека ќе го сторат овој месец, би било награда за Хамас.

Во јули, Трамп, кој моментално е во втора државна посета на Велика Британија, рече дека нема забелешки Велика Британија да преземе таков чекор, но САД оттогаш јасно ставија до знаење дека се спротивставуваат на каква било таква акција од страна на нивните европски сојузници.

Стармер, кој е под притисок од некои во неговата Лабуристичка партија да заземе построг став кон Израел, рече дека Велика Британија ќе ја признае палестинската државност на Генералното собрание на ОН следната недела, освен ако Израел не преземе значајни чекори за ублажување на ситуацијата во Газа.

Велика Британија долго време ја поддржува политиката на „две држави“ за прекин на конфликтот во регионот.

15 земји потпишаа декларација за признавање на Палестина

Најнови вести од: Свет

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Брисел воведува „флексибилен ЕЕС“, поради хаосот и многучасовните чекања на патниците на границите и аеродромите

Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерс денес изјави дека Комисијата воведува „дополнителна флексибилност и поддршка за земјите-членки на ЕУ во спроведувањето на системот EES“ со цел да се ублажат, како што изјави, „привремените застои на границите“.

To top