Свет

Марија Корина Мачадо добитник на Нобеловата за мир

Нобеловиот комитет објави дека добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска активистка

Последниот состанок на Нобеловиот комитет беше на 6 октомври, пред радикалниот развој на конфликтот во Газа, што беше предизвикан од активната интервенција на Соединетите Американски Држави и лично Доналд Трамп,

Трамп “задоцни” за Нобеловата за мир

Според правилата за Нобеловите награди, номинациите за тековната година се поднесуваат до крајот на јануари. Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари 2025 година.

Доколку Трамп ја добиеше наградата, ќе станеше петтиот американски претседател што ја доби Нобеловата награда за мир по Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер и Барак Обама.

Во последниве денови, многу светски лидери јавно ја поддржаа наградата на Трамп поради договорот меѓу Хамас и Израел.

Во објава на Х, Нобеловиот комитет изјави дека ѝ ја доделил Нобеловата награда за мир на Марија Корина Мачадо „за нејзината неуморна работа во промовирањето на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија“, објави Нобеловиот комитет

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top