Свет

Медведев: На Русија „ѝ е гајле“ за „театарскиот“ ултиматум на Трамп

За новото оружје за Украина и за заканите со дополнителни тарифи од 100% врз купувачите на руски извоз

 

Во одговор на предупредувањето на Доналд Трамп дека ќе воведе санкции врз купувачите на руски извоз доколку Москва не се согласи на мировен договор во Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, му порача дека на Русија не и е гајле за „театарскиот ултиматум“ на американскиот претседател пренесе Ројтерс..

Вчера, американскиот американскот престедател, на средба со кен -секот на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба во Белата куќа, најави ново оружје за Украина и се закани со секундарни тарифи од 100% врз купувачите на руски извоз.

Од извозот, суровата нафта сочинува голем дел.

Трамп, исто така, изрази разочарување од Владимир Путин, истакнувајќи дека не сака да го нарече рускиот лидер „убиец, но тој е човек со камено срце“.

„Трамп му издаде театарски ултиматум на Кремљ“, напиша Медведев на англиски јазик на социјалната мрежа X.

„Светот се тресе во исчекување на последиците. Воените власти Европа се разочарани. На Русија не ѝ е гајле“.

Еден ден претходно, американскиот лидер најави ново оружје за Украина и ѝ се закани на Русија со санкции

Досега Кремљ не ги коментираше зборовите на Трамп, но вчера соопшти дека е јасно дека САД продолжиле да испорачуваат оружје и муниција на Украина.

Официјален претставник на Белата куќа прецизираше дека намерата на Трамп била да воведе „100% царини за Русија“ и секундарни санкции за други земји што купуваат нафта од Русија доколку не се склучи мировен договор во рок од 50 дена.

Кина и Индија се најголемите купувачи на руска сурова нафта. Трамп изјави за Би-Би-Си дека „не завршил“ со Путин и дека верува дека мировен договор за Украина е на пат.

Зеленски: Ќе удриме по Москва ако ни дадете оружје (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

To top