Свет

Милановиќ: Хрватска треба да ја признае Палестина

Признавањето на палестинска држава не е награда или отстапка за Палестинците – тоа е нивно право, вели хрватскиот претседател

„Кога ќе го стори тоа зависи од предлогот што ќе дојде од Владата до Парламентот, јас ќе го поддржам“, изјави претседателот на Републиката Зоран Милановиќ по учеството на Меѓународната конференција за мирно решение на палестинското прашање и спроведување на решението за две држави, што се одржа денес во седиштето на ОН во Њујорк.

Тој go коментираше за признавањето на Палестина од страна на Франција, кое го објави францускиот претседател Макрон на конференцијата.

„Франција ја призна Палестина, таа е уште една од земјите што ја признаа палестинската држава. Ова не е награда или отстапка за Палестинците, тоа е нивно право. Ова право произлегува од првата резолуција 181 од ноември 1947 година. Не можеме да ја гледаме целата трагедија на Палестина и палестинскиот народ освен во контекст на настаните од последните сто години“, рече тој, додавајќи дека „Палестина одамна требаше да има своја држава“.

На прашање дали признавањето на Палестина би променило нешто, особено откако израелскиот премиер изјави дека создавање на палестинска држава нема да ima, претседателот Милановиќ рече:

„Израел ќе продолжи да убива, тоа е убиствен режим кој заклучил дека може да го прави тоа сè додека има заштитник“.

Тој рече дека не очекува ништо ново од американскиот претседател кој треба да се обрати на Генералносто собрание на ОН;

„Не очекувам ништо од говорот на претседателот Трамп, тој ќе биде против признавањето на Палестина, тоа е јасно. Зошто е тоа така, тоа ми е потешко да разберам. Како е во интерес на САД да го поддржуваат ционистичкиот режим на овој начин? До 1991 година, разбирам – поради Студената војна. Но, сè што се случи потоа е на штета на САД. Тоа не ѝ прави никаква корист на Америка, особено во однос на безбедноста“.

Милановиќ, во врска со Хамас, која е прогласена за терористичка организација вели:

„Тие се создадени од Израел. Исто како што муџахедините беа создадени на одреден начин од американската администрација, така и Израел – за да ја потисне Фатах, организацијата на која ѝ припаѓаше Арафат и која имаше голем легитимитет меѓу арапското и палестинското население – го создаде Хамас, кој е плод на израелските тајни служби“, вели хрватскиот претседател, премесе Индекс.хр

Најнови вести од: Свет

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажува 20.000 летови

Луфтханза појасни дека ќе заштеди 40.000 тони гориво за авиони со откажување на 20.000 летови до октомври оваа година. Германскиот превозник ја консолидира својата европска мрежа, скратувајќи ги непрофитабилните рути од своите центри во Франкфурт и Минхен, а воедно ги проширува постојните рути од Цирих, Брисел и Виена.

Трамп чита Библија од Овалната соба по судирот со папата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп читаше дел од Стариот завет во рамки на настанот „Америка чита Библија“, одржан како симболична прослава на духовните темели на САД, само неколку дена по јавниот судир со папата Лав XIV.

To top