Свет

Како „Каин и Авел“: 90% од Украинците не го сметаат рускиот народ за „братски“

Ова го изјави Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација во преговорите со Украина, во интервју за „Волстрит џурнал“. „Сакаме мир“, рече Медински, цитиран од американското издание. „Но, ако Украина продолжи да се води од националните интереси на другите земји, едноставно ќе бидеме принудени да одговориме“. Тој ја дефинираше војната како […]

Ова го изјави Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација во преговорите со Украина, во интервју за „Волстрит џурнал“.

„Сакаме мир“, рече Медински, цитиран од американското издание.

„Но, ако Украина продолжи да се води од националните интереси на другите земји, едноставно ќе бидеме принудени да одговориме“.

Тој ја дефинираше војната како „братоубиствен конфликт“ меѓу две земји со „заедничка историја и јазик“ и ја спореди со раздор меѓу „постар и помлад брат“.

Според него, Западот не ја разбира целосно длабочината на овој конфликт и го доживува како обичен судир меѓу суверени држави, сличен на историските конфликти меѓу Франција и Англија.

Изјавата предизвика остра реакција во Киев, а портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи, изјави:

„Ако Русија се смета за „брат“ на која било нација во Централна или Источна Европа, тогаш тоа е Каин – со камен во раката.“

Според социолошка анкета спроведена во летото 2024 година, над 70% од Украинците го дефинираат украинскиот јазик како свој мајчин јазик и го користат во секојдневниот живот.

90% од анкетираните не го сметаат рускиот народ за „братски“.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top