Свет

Муцунски во Брисел на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО

Се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата.

Најавено е дека главни теми се имплементацијата на одлуките од Самитот во Хаг, безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО, мерките за зајакнување на способноста за одвраќање и одбрана, поддршката за Украина и подготовките за следната средба во јули 2026 година во Анкара.

Се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани…

НАТО со нова залиха на оружје и муниција за Украина

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top