Свет

Над 50 загинати во поплавите во Тексас, 27 исчезнати

Властите соопштија дека досега се спасени околу 850 луѓе

Бројот на загинатите во поплавите во Тексас се зголемува, додека спасувачки екипи трагаат по 27 исчезнати девојчиња во детски камп.

Најмалку 43 лица, вклучувајќи 15 деца, загинаа во округот Кер откако паднаа 0,3 метри дожд на квадратен метар што доведе до излевање на реката Гвадалупе чие ниво се покаќи за цели 8 метри.  Уште осум лица загинаа во блиските окрузи, јави АП

Властите изјавија дека 27 девојчиња од Кампот Мистик, христијански камп за девојчиња покрај реката во Хант, Тексас, сè уште се водат како исчезнати околу 36 часа по поплавата.

Едно 8-годишно девојче кое беше во Камп Мистик, и директорот на друг камп беа меѓу оние кои беа потврдени како мртви во саботата.

Гувернерот Грег Абот, кој го обиколи кампот во саботата со спасувачки екипи, вети дека властите ќе работат деноноќно за да ги пронајдат исчезнатите девојки и другите однесени во бурата што ги изненади многу жители, кампери и службени лица.

Многу други сè уште се водат како исчезнати, а властите соопштија дека досега се спасени околу 850 луѓе.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top