Свет

Нобел за Трамп, предлагаат Ерменија и Азербејџан

Претходно лидерите од Пакистан, Израел и неколку африкански земји, исто така, ја изразија својата поддршка за номинацијата на Трамп. за престижната награда

Премиерот на Ерменија,  Никол Пашинјан, изјави дека тој и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се согласиле да го номинираат американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.

Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН, Пашинјан ја пофали улогата на Трамп во унапредувањето на дијалогот меѓу двете земји, објави АФП.

Тој додаде дека „посветеноста, доследноста и принципиелноста“ на Трамп овозможиле напредок во процес што некогаш се сметал за недостижен.

„Бидејќи од сопствено искуство видовме дека претседателот Трамп е навистина посветен на идејата за мир“, рече Пашинјан.

Ова доаѓа откако лидерите од Пакистан, Израел и неколку африкански земји, исто така, ја изразија својата поддршка за номинацијата на Трамп.

Трамп тешко ќе стигне до Нобелова награда за мир

Најнови вести од: Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

Најнови вести

To top