Свет

Охриѓанец убил мајка со бебе во Швајцарија

А.Т., роден во 1982 година, иако пријавен како бугарски државјанин во Швајцарија, има македонско потекло.

 

Триесет годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе биле брутално убиени од нејзиниот сопруг, 43-годишен маж со потекло од Охрид, кој во Швајцарија престојувал со бугарски пасош, пренесуваат швајцарските и македонските медиуми.

Убиство минатата сабота го потресе швајцарскиот град Живисие.

Според швајцарскиот портал „20min.ch“, околу 16:45 часот во саботата, Кантоналната полиција во Фрајбур добила пријава дека во семеен стан се пронајдени тела на жена и бебе. Истите биле прогласени за мртви на лице место. Осомничениот сопруг, кој исто така се наоѓал во станот, наводно се обидел да си го одземе животот, при што се здобил со полесни телесни повреди и бил пренесен во болница под полициска придружба.

Јавното обвинителство на кантонот Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла. Од првичните информации се дознава дека осомничениот А.Т. го признал убиството на сопругата. Телата на М.Т., родена во 1995 година, и нивното бебе Д.Т., родено годинава, биле пронајдени во станот во кој живееле.

Од македонското Министерството за надворешни работи потврдија информацијата и информираа дека македонската амбасада во Берн била известена од швајцарските органи на 5 јули во 17:00 часот за случајот. Според податоците, сите три лица – мајката, бебето и таткото биле пронајдени во станот, а само таткото го преживеал инцидентот.

МНР истакнува дека А.Т., роден во 1982 година, иако пријавен како бугарски државјанин во Швајцарија, има македонско потекло.

Амбасадата во Берн е во континуирана комуникација со швајцарските власти и со блиски роднини на жртвите, и ќе продолжи да обезбедува поддршка согласно своите надлежности.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top