Свет

ОН: Во Газа влегува само брашно, луѓето нема што да јадат

Израел го блокира целиот проток на хуманитарна помош во Газа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), при што речиси и да нема готова храна што влегува во она што нејзиниот портпарол го опиша како „местото на најголемата глад во светот“. Портпаролот Јенс Лаерке рече дека само 600 од 900 камиони […]

Израел го блокира целиот проток на хуманитарна помош во Газа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), при што речиси и да нема готова храна што влегува во она што нејзиниот портпарол го опиша како „местото на најголемата глад во светот“.

Портпаролот Јенс Лаерке рече дека само 600 од 900 камиони со помош биле пропуштени за да стигнат до границата на Израел со Газа, а оттаму мешавина од бирократски и безбедносни пречки го направиле речиси невозможно безбедното транспортирање на помошта во регионот.

„Она што успеавме да го внесеме е брашно“, рече тој на редовната прес-конференција во петокот.

„Но, тоа не е готов оброк, нели? Треба да се свари… 100 проценти од населението на Газа е во опасност од гладување.“

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top