Свет

Орбан до Зеленски: Драг Володимире, се чини дека никогаш нема да се разбереме

Унгарскиот премиер одговори преку Фејсбук на „селективните навреди“ од украинскиот претседател

Унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно му се обрати преку Фејсбук на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Драг Володимире, се чини дека никогаш нема да се разбереме. Јас сум слободен човек кој му служи на унгарскиот народ. Ти си човек во тешка позиција, неспособен или неподготвен да ја заврши војната, која сега е во својата четврта година, и покрај тоа што претседателот на САД (Доналд Трамп) нуди секаква можна помош“, напиша Орбан, според МТИ.

Тој му порача на Зеленски дека „ласкањето“ нема да ја промени позицијата на Унгарија.

„Украинскиот народ, и покрај вашите селективни навреди, сè уште може да смета на Унгарија за електрична енергија, гориво и хуманитарна поддршка за бегалците. Животот ќе го реши останатото, а секој ќе го добие она што го заслужува“, додаде Орбан.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Најнови вести

To top