Свет

По петчасовни преговори постигнат трговски договор помеѓу ЕУ и САД

Европската унија денеска постигна договор за примена на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави.

Европската унија денеска постигна договор за примена на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави. Преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија, по повеќе од пет часа интензивни разговори, се согласија за компромисно решение за законодавството со кое се спроведува договорот постигнат минатото лето.

Според одредбите на договорот, Унијата се обврзува да ги укине царините за американските индустриски и одредени земјоделски производи, додека Вашингтон ќе ги ограничи царините за поголемиот дел од европскиот извоз на 15 проценти, пишува бриселскиот портал „Политико“.

Конечниот текст на компромисот предвидува дека Европската комисија, на барање на Европскиот парламент или на некоја земја-членка, ќе има право да го суспендира договорот доколку Вашингтон до крајот на 2026 година не ги намали царините за европскиот челик и алуминиум, кои во моментов достигнуваат и до 50 проценти.

Договорот, исто така, предвидува Европската комисија на крајот од годинава да го информира Европскиот парламент и Советот на ЕУ за американските тарифи за челик и да процени дали е потребна суспензија доколку САД не ги исполнуваат преземените обврски.

Европските преговарачи во текстот вметнаа и „излезна клаузула“, според која договорот автоматски ќе истече во декември 2029 година, речиси една година по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа. Документот содржи и заштитни мерки кои ја обврзуваат Европската комисија да покрене истрага – по сопствена иницијатива или на барање на најмалку три земји-членки – доколку увозот претставува сериозна закана за домашната индустрија, со можност за делумно или целосно замрзнување на договорот.

Гласањето за овој текст е предвидено за пленарната седница на Европскиот парламент, која ќе се одржи од 15 до 18 јуни во Стразбур.

„Политико“ потсетува дека Брисел ги забави преговорите откако Трамп во јануари се закани со анексија на Гренланд, како и во февруари, по одлуката на Врховниот суд на САД. Крајниот компромис е постигнат откако Трамп се закани дека од 4 јули ќе воведе царина од 25 проценти за европските автомобили, со што директно го загрози трансатлантскиот трговски однос вреден 1,7 трилиони евра годишно.

Висок функционер на ЕУ изјави дека земјите-членки инсистирале од договорот целосно да се исклучат сите прашања кои не се директно поврзани со трговијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави постигнатиот компромис, нагласувајќи дека Унијата останува доследна на своите ветувања. Таа преку платформата „Икс“ порача дека „договорот е договор“ и дека со укинувањето на царините за американскиот индустриски извоз набрзо ќе се исполни европскиот дел од Заедничката изјава на ЕУ и САД. Фон дер Лајен ги повика сите надлежни институции да дејствуваат брзо за да се финализира процесот и да се обезбеди стабилна, предвидлива и взаемно корисна трансатлантска трговија.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top