Свет

По победата над Англија, Аргентиците си ги побараа Фокландските Острови (ВИДЕО)

Според дисциплинските правила на ФИФА, на терените не се дозволени политички пораки, без разлика на начинот на кој се истакнуваат

 Славјето по полуфиналниот триумф во кој Аргентина во спектакуларен прерсврт ја победи репрезентацијата на Англиија отвори нова контроверзија, откако дел од аргентинските репрезентативци испратија политичка порака на теренот.

Џовани Ло Селсо по натпреварот се појави со транспарент на кој пишуваше: „Малвини (Фокландските Острови) се Аргентина“. Набрзо му се придружија и неколку соиграчи, меѓу кои и капитенот Лионел Меси, додека навивачите на трибините со воодушевување ја поздравија пораката.

Фокландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвини, се британска прекуморска територија, но Буенос Аирес со децении го оспорува британскиот суверенитет. Во 1982 година двете држави водеа кратка, но крвава војна, која заврши со победа на Велика Британија, а односите и денес остануваат чувствителни.

Според дисциплинските правила на ФИФА, на терените не се дозволени политички пораки, без разлика на начинот на кој се истакнуваат.

Сега сè е во рацете на ФИФА, која треба да одлучи дали ќе постапи строго според дисциплинскиот правилник или ќе се одлучи за поблаг пристап за да избегне дополнителни тензии непосредно пред финалето на Светското првенство, пишува  СпортМанија 

 

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top