Свет

Претседателката на Македонија ќе учествува на Генералното собрание на ОН

 Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на СAД

Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.

Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

За време на работната посета на САД, претседателката ќе го посети и Детроит.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

To top