Свет

Сијарто: Ќе обезбедиме Путин да пристигне на состанокот со Трамп во Будимпешта

„Ќе се погрижиме тој да влезе во Унгарија, да има успешни преговори тука, а потоа да се врати дома“, изјави шефот на унгарската диполоматија

 

Унгарија ќе обезбеди рускиот претседател Владимир Путин да може да влезе во земјата за самитот со американскиот претседател Доналд Трамп планиран во Будимпешта и потоа да се врати дома, изјави во петокот министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесе Ројтерс

Трамп во четврток се согласи втор самит за војната во Украина да се одржи во унгарската престолнина, велејќи дека тоа може да се случи во следните две недели.

Изборот на Будимпешта привлече внимание. Путин се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд, која Унгарија мор да ја почитува.

Инаку, Унгарија најави дека идната година ќе го напучни МКС..

Москва ги негира обвинувањата за МКС, нарекувајќи ја потерницата доказ за непријателството на Западот кон Русија.

ЕУ го поздрави предложениот состанок ако може да помогне во воспоставувањето мир во Украина, изјави портпаролот во петокот, додавајќи дека Путин е под замрзнување на средствата, но не и забрана за патување од страна на блокот.

Путин сепак ќе треба да се справи со забраната на ЕУ за летови на руски авиони, воведена од Брисел по инвазијата во 2022 година, изјави Иан Петченик, директор за комуникации во Flightradar24, услуга за следење на летови.

„Ќе треба да се донесе одлука или на ниво на ЕУ или на национално ниво за да се дозволи лет ако таму ќе се сретнат“, рече тој.

Според Петченик, најкратката рута во Унгарија би била летање над Полска и Словачка, додека многу подолга рута би била од Црното Море во ЕУ преку Романија.

„Ќе се погрижиме тој да влезе во Унгарија, да има успешни преговори тука, а потоа да се врати дома“, изјави Сијарто на прес-конференција.

„Нема потреба од никаков вид консултации со никого, ние сме суверена земја тука. Ќе го пречекаме (Путин) со почит, ќе го угостиме и ќе му обезбедиме услови да преговара со американскиот претседател.“

Орбан, долгогодишен сојузник на Трамп, кој исто така одржува блиски врски со Русија, рече дека состанокот би можел да се одржи во следните две недели ако министрите за надворешни работи на САД и Русија успеат да ги решат преостанатите прашања на планираниот состанок следната недела.

Сијарто рече дека датумот за средба би можел да се дискутира по тие состаноци.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top