Свет

Трамп: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам нив (ВИДЕО)

Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“, рече американскиот претседател кој е од редовите на Републиканците

Со шокантна изјава, американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бран реакции

Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп го коментираше неуспехот на демократите да го поддржат неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“.

Во таа прилика, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.

Изјавата веднаш предизвика силни реакции, особено од страна на демократите.

Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика против политичките противници.

Неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, „луд комунист“.

Вчера, Конгресот го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“.

Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка преку даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и понатамошно зголемување на огромниот американски јавен долг.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top