Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се согласил „да ги прекине бомбардирањето и нападите врз Иран за период од две недели“, под услов Техеран да се согласи целосно да го отвори Ормутскиот теснец.
Трамп претходно му даде на Иран до 20 часот во вторник по време на Вашингтон – или 2 часот по средноевропско време – повторно да го отвори Ормускиот теснец, клучен за глобалните резерви на нафта. Во спротивно, тој се закани дека ќе уништи „цела цивилизација“.
Иран и Израел исто така потврдија дека се согласиле на двонеделен прекин на огнот.
Трамп на Truth Social објави дека денес е „голем ден за светскиот мир!
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека Иран „направил многу војнa“ и сега следat „многу позитивни потези“.
Трамп, исто така, најави дека САД ќе учествуваат во обезбедувањето на поморскиот сообраќај преку Ормускиот теснец, клучна светска рута што Иран во голема мера ја затвори за време на конфликтот.
„Ќе има многу позитивни дејствија! Ќе се заработат големи пари. Иран може да го започне процесот на обнова. Ќе складираме секакви залихи и само ќе се дружиме за да бидеме сигурни дека сè ќе биде добро. Сигурен сум дека ќе биде. Исто како во САД, ова може да биде златното доба на Блискиот Исток!“
Како резултат на интензивните преговори, Иран претходно се согласи на прекин на огнот за истиот период. Иран го отвори Ормутскиот теснец. Почнуваат вистински преговори меѓу САД и Иран.
Првата рунда директни преговори меѓу двете земји е закажана за 10 април во Исламабад, објави порталот Аксиос.
Голем број земји го поздравија најавениот прекин на огнот меѓу САД и Иран, вклучително и Јужна Кореја, Нов Зеланд и Ирак, со претходни реакции од Австралија, Јапонија и Пакистан.