Свет

Трамп не се откажува од барањето да преземе контрола врз Гренланд

Американскиот претседател тврди дека Данска „не може да го заштити“ островот

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Во изјава за новинарите во Флорида, кратко пред неговиот лет за Вашингтон, Трамп потврди дека Данска „не може да го заштити“ островот.

„Тие се прекрасни луѓе“, рече Трамп, осврнувајќи се на Данците, „но тие дури и не одат таму“. Потоа додаде:
„Мораме да го имаме. Данска не може да го заштити“.

Тој на својата социјална мрежа Truth social , објави фотографија која многу кажува

Трамп објави дека Гренланд ќе биде тема на дискусија со европските лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува оваа недела во Давос.

Тој потврди дека патува таму утре на чело на голема американска делегација.

„Имав многу добар телефонски разговор со Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, за Гренланд. Се согласив да се сретнам во Давос, Швајцарија. Како што им ставив до знаење на сите, Гренланд е од клучно значење за националната и глобалната безбедност. Нема враќање назад – сите се согласуваат за тоа!

Соединетите Американски Држави се убедливо најмоќната земја во светот. Голем дел од тоа се должи на обновата на нашата војска за време на мојот прв мандат, а таа обнова продолжува со уште побрзо темпо. Ние сме единствената СИЛА што може да обезбеди МИР во целиот свет – а тоа се постигнува, едноставно, СО СИЛА!“, напиша Трамп на својот Твитер профил.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top